Нуров остана без бронзен медал

Магомедгаџи Нуров не успеа да го освои бронзениот медал на Европските игри во Минск, Белорусија, откако загуби во мечот за бронзениот медал.

Македонскиот борач е поразен со 3:1 од Александар Хуштин од Белорусија. Нуров можеше да дојде до медалот доколку на три секунди до крајот, акцијата ја завршеше успешно. Противникот успеа да се извлече и со контраакција дојде до два бода кои му ја донесоа победата.

На крајот Магомедгаџи Нуров го освои петтото место откако во првото коло славеше против Лукас Караускас, а потоа во следното коло загуби од Абдулрашид Садулаев, кој го освои и златниот медал во категоријата.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот