Нуров ги дозна противниците на турнирот во борење, започнува против Хуштин

Фото: facebook.com/maga.ibragimov.564

Могамедгаџи Нуров денеска ги дозна противниците на олимпискиот турнир во борење слободен стил. Македонскиот борач во категоријата до 97 килограми, во првото коло ќе се сретне со Александар Хуштин од Белорусија.

Доколку го победи борачот од Белорусија, Нуров во четвртфиналето ќе се бори со победникот од мечот помеѓу Канаѓанецот Стин и Конједо од Италија. Евентуален противник во полуфиналето би му бил главниот фаворит за златниот медал, Русинот Абдулрашид Садулаев.

Борбите во категоријата до 97 килограми на програмата се на 6. август од 11 до 13:30 часот.

Видео на денот