Нуров е последен македонски претставник во Токио, утре во првото коло ќе се бори против Тунижанецот Саадауи

Фото: facebook.com/maga.ibragimov.564

Последниот македонски претставник на Олимписките игри во Токио, борачот Магомедгаџи Нуров утре ќе го има својот настап во категоријата до 97 килограми.
Иако Светската боречка федерација пред некој ден го објави костурот на турнирот според кој Нуров требаше да се бори со Белорусинот Хустин, сепак жрепката се одржа денеска и противник на македонскиот борач ќе му биде Мохамед Саадауи од Тунис.

Борбата треба да се одржи помеѓу 11.30 и 12 часот, а доколку го совлада противникот од Тунис, Нуров кој најавува висок пласман ќе се бори со подобриот од борбата помеѓу Белорусинот Хустин и Салас Перез од Куба. Евентуаллен противник во полуфиналето би му бил главниот фаворит за златниот медал, Русинот Абдулрашид Садулаев.
Нуров на турнирот до 97 килограми е поставен за четврти носител.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот