Нуров бронзен на Светското првенство во борење

Могамедгаџи Нуров го освои бронзениот медал на Светското првенство во борење кое се оджува во Нур Сулатан (поранешна Астана), Казахстан. Македонскиот борач во борбата за брозениот медал во категоријата до 97 килограми со  8:5 на поени го совлада Алишер Јергали од Казахстан.

Домашниот борач одлично ја започна борбата и дојде до водство од 0:4, но тогаш како да се разбуди Македонецот и со неверојатен пресврт дојде до голема победа која му го донесе и бронзениот медал.

Претходно со победата во репасажот, Могамедгаџи Нуров, стана првиот македонски спортист по пауза од 12 години кој обезбеди олимписка норма и ќе учествува на Олимписките игри во Токио идната година.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот