Нуредини: Состојбата во Тетово е двојно полоша од сите досегашни бранови во текот на пандемијата

Тетовска болница. / Фото: МИА

Три од петте ката на интернистичкиот блок во тетовската болница веќе се полни со КОВИД пациенти. Во болницата се хоспитализирани вкупно 104 лица.

Според координаторот на КОВИД центарот, бројките се очекува да растат зашто нема намалување кај прегледите. Во интернистичкиот блок полни се првите два ката од интерно одделение, почнале да се хоспитализираат и на третиот кат од нервно и психијатрија. Дел од болните се во модуларната болница и инфективното одделение.

-За 24 часа имаме четири починати во нашата болница, 14 нови примени пациенти, така да во моментот 104 хоспитализирани пациенти, скоро сите не биле вакцинирани.  Амбулантски прегледи за 24 часа се вкупно 224. Потенцирам дека тука се оние и дојдени за дневна терапија, за консултации, сите тие се третираат во Ковид центар. Негде над 328 пациенти се третираат така во центар. Отворено е и нервното одделение, направивме реорганизација и баравме од другите одделенија да ни дојдат кадар како лекари и медицински техничари, специјалисти, специјализанти, вели д-р Гзим Нуредини.

Според него, потребно е луѓето во Тетово да го намалат движењето и со тоа да придонесат да не се шири вирусот.

Состојбата е двојно полоша од сите досегашни бранови во текот на пандемијата. Граѓаните не внимаваат, не носат маски и не држат дистанца, а болеста е смртоносна. Апелот  би бил ако немате работа, немојте да излегувате, секаде е вирусот. Сериозна е ситуацијата, секоја фамилија има по некој позитивен.  Уште не сме достигнале до највисокиот пик за Тетово, бидејќи се  зголемува бројот секој ден. Младите имаат свои стари и да не гледаат како на шега кога зборуваме за препоракаките за заштита.  Жртви се сите стари кои имаат болести и кои пандемијата ја поминале дома. По две години не излегле од дома, а се заразиле. Дали е фер тоа. Можел да живее уште 10, 20 години а сега е во Ковид центар, вели тетовскиот доктор.

Од друга страна од Здравствен дом информираат дека вчера евидентираат рекорден број вакцинирани во вакционалниот пункт во Тетово. Вкупно се дадени 2338 вакцини од кои 1752 се за прва,а 586 за втора доза.

Извор: МИА

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот