Нуредини: Обезбедени се средства за изградба на фекална канализација во Теарце

Министерството за животна средина и просторно плaнирање информира дека е oбјавена  постапка за доделување на договор за повеќегодишна јавна набавка за финансирање на активности за изградба на фекална канализација во населено место Теарце, општина Теарце.

Проценетета вредност на проектот изнесува 100 308 000,00 денари и истите се обезбедени од Буџетот на Министерството за животна средина и просторно планирање за 2021-2023 година.

Во буџетот на Министерството, за 2021 година се обезбедени финансиски средства за капитални инвестиции и за општините Гостивар, Боговиње, Тетово, Дојран и Делчево. За општина Дојран во тек е подготовката на објава на оглас, а за другите општини постапките ќе бидат објавени откако општините ќе ја достават комплетната документација. 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот