Нуредини нема информации за причините за намалување на нивото на Преспанското езеро

Насер Нуредини

Тој потенцира дека на езерата во нашата држава се инсталирани и неколку мерни станици, кои го мерат нивното ниво, а веќе имаат и сугестија да се зголеми бројот на таквите мерни станици како за езерата, така и за изворите за вода за пиење во земјава.

Формирана е работна група од експерти од Република Северна Македонија, Албанија и од Грција за намалување на нивото на Преспанското езеро, а веќе наредниот понеделник ќе имаат и средба, на која ќе присуствува и градоначалникот на Преспа, најави денеска од Свети Николе министерот за животна средина, Насер Нуредини.

Тој засега нема конкретни информации, за причините за намалување на нивото на Преспанското езеро.

– Не би сакал да шпекулирам, штом ќе имам детални информации, тогаш ќе можам да ве известам за тоа кои се причините за намалувањето на нивото на Преспанското езеро, вели Нуредини.

Тој потенцира дека на езерата во нашата држава се инсталирани и неколку мерни станици, кои го мерат нивното ниво, а веќе имаат и сугестија да се зголеми бројот на таквите мерни станици како за езерата, така и за изворите за вода за пиење во земјава.

– Како земја сме свесни за климатските промени и се разбира дека соодветно ќе мора да реагираме на тоа. Имајќи предвид дека имаме и многу сува зима, немаше никакви врнежи, ниту од дожд, ниту од снег, морам да кажам дека треба да изнајдеме начин да работиме заедно со сите инволвирани институции, а прво со Министерството за земјоделство со цел да направиме планови, како да се помине летото. Затоа што имајќи предвид каква зима имавме не очекува и сушно лето, вели Нуредини.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот