Нуредини: На Денот на планетата Земја имаме практични примери на политките за одржлив развој и здрава животна средина

Насер Нуредини /фото: Архива на Слободен печат

Министерот за животна средина и просторно планирање, Насер Нуредини од тетовско Теново каде се пушти во употреба фотонапоска централа на Денот на планетата земја – 22 Април тоа го оцени како вистинската порака како треба да се грижиме за планетата. Користењето на обновливи извори на енергија како оваа централа, според него, е примерот како се подобрува животната средина.

– Оваа централа која е обновлив извор на енергија е практичен пример за конкретно остварување на политиките на нашата Влада за одржлив развој и здрава животна средина. Ние гледаме како приватниот инвеститор може да биде партнер во спроведување на зелената агенда. Гледаме како функционира меѓуресорска соработка за клучни прашања од областа на животна средина, како Министертсво за економија преку имплементација на климатските аспекти и придонесува за декарбонизација на нашето општество, а воедно и намалување на загадувањето на нашата земја. Тоа значи интегиран пристап во планирање на енергијата и климата, рече министерот Нуредини.

Воедно, тој информираше дека минатата недела државата го поднесе евидираниот национален придонес кон договорот од Париз со обврска да се намали емитувањето на стакленичките гасови.

– Се обврзаме на редукција на стакленичките гасови до 51 отсто до 2030 година односно нето намалување на 82 отсто на емисиите. Во анализите на овој документ во стратегијата за енергетика, интергираниот план за клима, како и долгорочната стратегија за климатска акција се обврзуваме на развој на обновливите извори на енергија односно што повеќе проекти како што е овој денеска, рече Нуредини.

По повод денот на планетата Земја тој потсети на повеќето проекти кои се работат во Министерството за животна средина, како што се прогласување на Осоговски планини за заштитна зона, собраниска процедура за прогласување на Шар Планина за национален парк и други проекти.

– Владата го усвои планот на Министерството за животна средина за расчистување на депонијата во ОХИС, каде што опасните остатоци од линдан ќе бидат извезени и транспортирани во Франција, а еден друг дел во Холандија. Ова е за малата депонија, а работиме на усвојување на планот за управување и менаџирање на големата депонија. Имаме црни точки во државата, поднесовме измени во Законот за животна средина и ќе се обврземе како општество и држава да ги идентификуваме и елиминираме овие црни точки, рече Нуредини.

Министерството продолжува со работа на рехабилитација депонија Руисно, има процедура за заем од ЕБРД за обнова и развој на сите места каде се справуваат институциите со отпад, третман на отпадни води и субвенции за електрични автомобили.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот