Наумовски: Неможност за аплицирање за велосипеди и тротинети по електронски пат, за неколку дена ќе заврши повикот (ВИДЕО)

Фото: Никола Наумоски

Долга колона граѓани кои чекаат ред за влез во барака 16 се забележуваат втор ден по ред, откако Град Скопје го објави повикот за аплицирање за субвенции за велосипеди и тротинети. Шефот на кабинет на градоначалникот, Никола Наумоски денеска во Скопски агол на „Утрински брифинг“ на „Слободна ТВ“ информира дека една третина од средствата се веќе исцрпени.

Само вчера пристигнаа барања за 700 велосиоеди и 100 тротинети. Нашите очекувања се дека за неколку дена ќе заврши повикот, бидејќи ќе биде исполнет бројот на барања и со тоа ќе бидат потрошени средствата во висина од 10 милиони денари, кои Градот ги обезбеди за оваа намена, рече Наумоски.

Што се однесува на создадениот метеж пред барака 16, тој објасни дека не постои друг начин да се аплицира.

-За жал, не успеавме аплицирањето да го направиме по електронски пат. Тоа е пречка од законски, не само од технички аспект, бидејќи луѓето мораат во оригинал или копија да достават дел од своите документи. Се надеваме дека следната година ќе успееме да го преместиме системот на аплицирање на владиниот сајт е- услуги за да може електронски да се аплицира. Сепак мора да имаме во предвид дека субвенциите ги даваме на принципот „прв дојден, прв услужен”, што значи дека важно е да се дојде и да се добие печат на време, објасни Наумоски.

Што се однесува на пренамена на средствата за борба против кризата предизвикана од пандемијата, Наумоски потсети дека претходно со пренамена на средства биле прскани јавните површини и игралишта.

Погледнете го целиот разговор со шефот на кабинетот на градоначалникот Град Скопје, Никола Наумовски:

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот