Нумерологот Гордана Драгишиќ: Крајот на коронавирусот е на крајот на мај, но ме плаши април

Големи се последиците на годината 4. И тоа сите ќе го почувствуваме до мај, 2021 година. Ќе се појават нови професии и нови фирми кои сè уште не се на повидок, вели Гоца Драгишиќ.

Една од најбараните балкански нумерози Гордана Гоца Драгишиќ за „Слободен печат“ ги открива нумеролошките предвидувања за крајот на коронавирусот.

Гоца Драгишиќ со нумеролигија се занимава 20 години, почнала од својата 17.година.

– Нумерологијата отсекогаш ме интересирала. Како можам да знам дали му се допаѓам на некое момче? Дали ќе бидеме во врска со него или не, и слично. Мојата покојна баба често ми зборуваше за броевите и за билките. Израснав во едно село покрај Босански Петровец, Смољана, во Босна. И мислам дека токму од тоа место сè започна. Читав, собирав скрипти и учев, вели Гордана.

Според Гоца, второто име на нумерологијата е наука за броевите:

– Оваа наука зборува за бројот како вибрација различна од онаа претходната поради бројот на циклуси. На нумерологијата може да се гледа на три начини – како наука за броевите, како наука која се бави со влијанието врз нашиот живот, и како предвидувања кои ги читаме преку броевите. Нашиот ден, месец и година на раѓање многу може да зборува за нас, за самиот тек на нашиот живот, за љубовта, здравјето, пријателството, образованието и уште многу нешта. Бројките се насекаде околу нас – нашиот број на телефон, датумот на венчавање, жиро сметката, бројот на нашиот стан, табличките на автомобилот…Сите броеви се важни.

Како се користи нумерологијата во секојдневниот живот?

– Нумерологијата сите ја користиме, а за тоа не сме ни свесни. Секој ден гледаме во часовникот – броеви, закажаните состаноци и обврски се поврзуваат повторно со бореви. Кај мене тоа е многу изразено. Зашто тоа е моја работа, и не само тоа, јас по цел ден гледам нумеролошки аспекти. Дали треба нешто да направам или дали треба состанокот да го поместам. Во секојдневниот живот најмногу ја користам хорарната нумерологија. Во мигот на поставеното прашање гледам на часовникот и давам одговор. Пример 20:45= 2+4+5=6+5=11, 1+1=2 . Одговорот е во бројот 2.

За ситуацијата со коронавирусот низ светот Гоца зборувала гостувајќи во различни телевизиски емисии уште во октомври и ноември. Предупредувала:

– Ова е година која кине, расцепува, и која е многу студена. Да не заборавиме, година со две двојки. Тоа значи дека ќе патиме многу, но ќе бидеме и наградени. 2+2=4. Четири значи година на Сатурн. Се мачиме и учиме. Не заборавајте што реков, нови болести и нови образованија.

2020 година е бројчано двојна, единствена во овој век, менувајќи ги децималните вредности во обата случаи секогаш се добива ист резултат. Но, што значи тоа, дали е добро или лошо?

– Самиот влез во годината 4 не е добар. А, кога сè се случува уште со две 2, тогаш сè е двојно и преемотивно. Големи се последиците на годината 4. И тоа сите ќе го почувствуваме до мај, 2021 година. Но и ќе научиме повторно да го цениме животот, да ги сакаме луѓето без разлика на расата и верата. Тоа е тоа што оваа година со број 4 нè учи.

И се разбира, ја прашуваме Гоца дали се гледа крајот на коронавирусот.

– Да, до крајот на мај може да очекуваме. Ме плаши април зашто доминира бројот 8. Тој обично дава ширење. Но, од 25.04, веќе треба да ја губи својата сила, а со самото тоа ќе има и пад на овој вирус.

Нумерологот смета дека после оваа година целиот свет ќе се промени.

-Ќе се појават нови професии и нови фирми, кои сè уште не се на повидок. Земјоделството ќе заживее повторно, како и заборавените занаети.

А, не чекаат ли вакви слични години во иднина?

– Ваква година ќе ни се повтори за 300 години. Ова е циклус кој се повторува на секои 300 години. Преживеавме сешто, ќе го преживееме и ова.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот