НУКЛЕАРНИТЕ СИЛИ НА ГОТОВС: Индија го укина статусот на сојузна држава на Кашмир, се очекува одговор на Пакистан

Демонстранти во Кашмир (30 август 2019 година)/Фото: Профимедиа

Индија формално го примени законот со кој се укинува полуавтономниот статус на Кашмир под контрола на оваа земја, а со тоа почнува и директно федерално владеење на над спорната област, пренесе „Б92“. Претходно, парламентот на Индија ја одобри промената на законот на почеток на август оваа година.

Овој закон ја дели поранешната држава Џаму-Кашмир на две територии под сојузна управа, пренесува „АП“.

Хиндуистичката националистичка влада на премиерот Нарендра Моди дополнително испрати илјадници војници на територијата, а притоа апсеше антииндиски активисти, пред да ги наметне промените во регионот кадешто претежно живее муслиманско население.

Најочигледни се укинувањето на сопственото знаме и устав на Кашмир, кои се целосно елиминирани како дел од новиот статус на регионот.

Меѓутоа, „АП“ наведува дека најпроблематична промена е заканата дека Индија ќе ја присвои оваа територија со формално укинување на клаузулата во индискиот устав, со која е зачувано ексклузивното право на Кашмир за сопственост на оваа земја.

– Се се менува во четврток. Од држава сведени сме на општина. Целата изведба е неуставна. Начинот и методологијата беа недемократски. Луѓето беа понижени и никој не ги консултираше – рече пензиониран кашмирски судија, Хаснаин Масуди, член на индискиот парламент.

Во пресрет на најголемите политички промени во индискиот дел на Кашмир, властите го ограничија пристапот од интернет, мобилните и фиксните телефонски услуги и кабелската телевизија за 12,5 милиони луѓе во тој регион.

Властите и понатаму го ограничуваат пристапот на луѓето до интернет, со тврдењето дека бунтовниците веројатно ќе го искористат за антииндиски протести и насилство. И покрај илјадниците војници на владата на Индија во регионот, таму избија стотина протести и судири ширум регионот.

Жителите на Кашмир наоѓаат надеж во Врховниот суд на Индија, кој треба да започне расправа на почетокот на ноември за барањата кои ја оспоруваат валидноста на укинувањето на членот 370 од уставот, кој на Кашмир му го даде специјалниот статус. Одлуката се очекува за неколку месеци.

И Индија и Пакистан располагаат со нуклеарно оружје, велат дека спорната територија им припаѓа ним, додека двете земји контролираат по еден дел од хималајската територија. Претходно во историјата, Индија и Пакистан водеа две војни за контрола над Кашмир.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот