Нуклеарната централа Запорожје три месеци е без надворешна резервна енергија

Украинската нуклеарна централа Запорожје три месеци е без надворешна резервна енергија, што ја прави крајно ранлива, предупреди шефот на Меѓународната агенција за атомска енергија (МААЕ), Рафаел Гроси.
Постројката се потпира на еден преостанат оперативен далновод од 750 киловолти за надворешна електрична енергија потребна за ладење на реакторот и други основни нуклеарни и безбедносни функции, соопшти МААЕ. Пред конфликтот, електраната имаше на располагање четири такви далноводи. Општата ситуација на електраната останува многу неизвесна и потенцијално опасна, рече Гроси.
Кревката ситуација со електрична енергија во централата останува извор на длабока загриженост и, како што покажуваат новоформираните принципи на МААЕ, има потреба од зголемени напори за да се обезбеди постабилно и попредвидливо надворешно снабдување со електрична енергија, додаде шефот на МААЕ. Електраната со шест реактори беше окупирана од руските сили во март минатата година.