Нуклеарен експерт: Русија ја зазема нуклеарката Запорожје за да може да ги снабдува со струја окупираните територии

Запорожје
Запорожје / Фото: EPA-EFE/SERGEI ILNITSKY

Тарик Рауф, нуклеарен експерт, вели дека Москва можеби ја завземала нуклеарната централа Запорожје, најголемата во Европа, за да го снабдува со електрична енергија украинскиот регион кој таа неодамна го окупираше.

„Петнаесет електрани во Украина денес заедно обезбедуваат 50 отсто од електричната енергија потребна на Украина. Русија ја окупираше и ја запоседна нуклеарната електрана Запорожје, според мене за да ги снабдува со електрична енергија источните делови на Украина кои Русија ги окупираше за време на оваа војна“, изјави Рауф за Ал Џезира.

Тој додава дека засега со сигурност не се знае каква е состојбата во нуклеарната централа. Зошто Украинците ја гранатираат кога таму имаат свој народ но и зошто Русите во исто време би гранатирале таму кога имаат свои војници и технички експерти?

Во меѓувреме Меѓународната агенција за атомска енергија (МААЕ) се уште чека да добие дозвола за да испрати технички тим и да открие кои се фактите на теренот“, вели тој.

„Структурите на овие електрани се изградени да издржат одредена количина на директни оштетувања. Така, степенот на оштетување зависи од видот на нападот. Мислам дека е малку веројатно артилериската граната да стигне до внатрешниот дел на реакторот. Но, повторно, ова се работи кои не треба да ги тестираме. Мораме да се погрижиме тоа никогаш да не се случи“, додаде Рауф.

Украинската државна компанија за нуклеарна енергија „Енергоатом“ денеска објави дека еден работник е ранет при руско гранатирање на централата.

Местото на суво складирање со потрошено нуклеарно гориво во електраната, се наоѓаат 174 контејнери со нуклеарен отпад кои деновиве беа погодени со ракети, објави Енергоатом преку социјалната мрежа Телеграм. Нуклеарката Запорожје беше окупирана од руските сили во почетната фаза на војната, но сè уште ја водат украински техничари. Наводно, еден период таму живееле и техничари од руски Росатом, но неодамна се иселиле.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот