Њукасл со безобразна понуда го мами Покетино

Фото: твитер

Новиот сопственик на Њукасл, принцот од Саудиска Арабија, Мохамед бин Салман, не планира да жали пари за својата најнова играчка.

Целта на Бин Салман е Њукасл да биде еден од најдобрите англиски клубови и да се бори за трофеите во Премиер лигата и Лигата на шампионите, а реализацијата на тој план планира да започне од тренерот.

Тој одлучи нов тренер на Њукалс да биде поранешниот предводник на Тотенхем, Маурицио Покетино и веќе подготви безобразна понуда која тешко се одбива, 19 милиони фунти годишна плата.

Доколку се согласи да седне на клупата на Њукасл, Покетино ќе стане најдоброплатениот тренер во Премиер лигата.

Доколку случајно Покетино одбие и се реши да чека Зинедин Зидан да си замине од Реал Мадрид, Бин Салман има резервно решение, тоа е Шпанецот Рафаел Бенитез кој веќе ја предводеше екипата на Њукасл.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот