Њукасл нуди богатство за услугите на Чиро Имобиле!

фото: твитер

Новите арапски сопственици се подготвени да вложат големи пари во клубот со надеж дека во иднина ќе играат и во Лигата на шампионите.

Премиерлигашот ова лето сака во своите редови да го ангажира досегашниот играч на Лацио, Чиро Имобиле. Италијанскиот репрезентативен напаѓач за „небесно-сините“ има учинок од 94 голови во 131 натпревар од 2016 година.

Имобиле (30) на клупски план ги бранеше уште боите на Јувентус, Сиена, Гросето, Пескара, Џенова, Торино, Борусија Дортмунд и Севиља. Според „Трансфермаркт“ вреди моментно 40 милиони евра и има договор со римскиот клуб до 30 јуни 2023 година.

Њукасл секојдневно се поврзува со нови имиња, новите арапски сопственици се подготвени да вложат големи пари во клубот со надеж дека во иднина ќе играат и во Лигата на шампионите.

Се шпекулира дека Имобиле би можел да дојде на „Ст. Џејмс Парк“ за 135 милиони евра. Ќе бидат издвоени 55 милиони евра како обесштетување, за доаѓањето играчот ќе добие 40 милиони плус плата според договорот.

Ќе му биде понуден договор на пет години според кој ќе заработува осум милиони евра по сезона, што е многу повеќе од сегашната заработка која ја има во Лацио, а таа изнесува 2,5 милиони.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот