Њукасл го изненади Тотенхем среде Лондон (ВИДЕО)

Тотенхем доживеа непријатно изненадување, губејќи од тимот на Њукасл со 0:1 пред своите навивачи во рамките на третото коло од Премиер лигата.

Триумфот на Њукасл му го обезбеди Жоеилтон во 21. Минута, а Тотенхем до крајот на натпреварот не успеа вистински да го загрози голот на Дубравка.

Актуелниот шампион Манчестер сити немаше никакви проблеми на гостувањето кај Борнмут победувајќи со 1:3.
Серхио Агуеро во 15 минута им донесе водство на „граѓаните“, а Рахим Стерлинг во финишот на првиот дел ја зголеми предноста.
Мала неизвесност внесе прекрасниот гол од слободен удар на Хари Вилсон, но точка на натгпреварот стави Агуеро во 64. минута.


Раул Хименез со голот од пенал во дури 97. минута не дозволи пораз  на Вулберхемптон пред своите навивачи играјќи 1:1 со Барнли.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот