Њујорк воведува контролни пунктови на влезовите во градот поради Ковид-19

epa08559148 A person waits to enter a city-run COVID-19 testing location in New York, New York, USA, 21 July 2020. New York is continuing to increase the number people being tested for COVID-19 but results have been slow to be reported to patients. EPA-EFE/JUSTIN LANE

Кабинетот на шерифот, во координација со други безбедносни агенции, денеска ќе почне со поставување контролни пунктови на мостови и во тунели, кои се прометни во сообраќајот.

Њујорк ќе постави контролни пунктови за карантин на клучните влезни места за да обезбеди патници од 35 сојузни држави, каде епидемиолошката состојба е неповолна, да се придржуваат две недели изолирање. Тоа го најави градоначалникот Бил де Блазио.

Властите сакаат да спречат нов бран на инфекција во градот, кој порано беше најголемото жариште на пандемијата во светот.

Додека бројот на заразени падна за пет отсто на ниво на САД, во Оклахома, Монтана, Мисури и 17 други држави, има голем пораст.

– Патниците кои доаѓаат од тие сојузни држави ќе добијат карантински информации и ќе бидат потсетени дека изолацијата е задолжителна, а не прашање на избор, изјкави Де Блазио на прес-конференција, додавајќи дека казните за оние кои ја прекршуваат одредбата за изолација може да бидат и до 10 илјада долари.

Кабинетот на шерифот, во координација со други безбедносни агенции, денеска ќе почне со поставување контролни пунктови на мостови и во тунели, кои се прометни во сообраќајот.

– Една петтина од сите нови случаи во Њујорк отпаѓаат на патниците надвор од државата, рече д-р Тед Лонг, кој ја надгледува програмата за следење заразени во Њујорк.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот