„Њујорк Тамјс“ го вброи на прво место македонскиот филм „Медена земја“

Документарецот „Медена земја“, дебито на Тамара Котевска и Љубомир Стефанов, е вброен меѓу најдобрите филмови на годината според весникот „Њујорк тајмс“.

„Медена земја“ е на прво место според изборот на реномираниот критичар на „Њујорк тајмс“ А. О. Скот, кој во образложението вели:

-Зачнат како владино-спонзорирано информативно видео, овој документарец не е ништо помалку од востановен еп, алегорија за животната средина од вистинскиот живот, и, не помалку, боцкава комедија за вечниот проблем сo терсене соседи“.

На листата на Скот, меѓу неговите топ 10 најдобри на годината се и „Ирецот“ на Мартин Скорсезе, „Беше еднаш во Холивуд“ на Квентин Тарантино и корејскиот „Паразит“ на Бонг Јон-хо.

Своја листа на најдобри десет филмови има и реномираната критчарка на „Њујорк тајмс“ Манола Дарџис.

„Медена земја“ исто така вечерва ја освои и наградата за најдобар документарец на Здружението на филмски критичари на Њујорк.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот