„ЊУЈОРК ТАЈМС“ ТВРДИ: Ова е снимката од соборувањето на украинскиот авион (ВИДЕО)

Фото: EPA-EFE/ABEDIN TAHERKENAREH

На снимката се гледа како авионот е погоден ракета над Паранда, град во близина на аеродромот, но леталото не експлодира веднаш, туку авионот по неколку минути го смени правецот и се упати кон аеродромот, кога и експлодира.

„Њујорк тајмс” објави видео-снимка на која наводно се гледа како иранска ракета го соборува украинскиот авион во близина на аеродромот во Техеран, при што загинаа сите 176 патници и членови на екипажот.

Американскиот весник тврди дека видео-снимката е автентична.

На снимката се гледа како авионот е погоден ракета над Паранда, град во близина на аеродромот, но леталото не експлодира веднаш, туку авионот по неколку минути го смени правецот и се упати кон аеродромот, кога и експлодира.

Визуелните и звучните траги на снимката се идентични со информациите за летот и сателитските снимки од подрачјето каде се урна авионот

Премиерот на Канада, Џастин Трудо повикувајќи се на разузнавачки информации вчера изјави дека украинскиот авион бил соборен од иранска ракета.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот