„Њујорк Тајмс”: Трамп платил само 750 долари данок за 2016 и 2017

EPA-EFE/ANNA MONEYMAKER / POOL

 Американскиот претседател Доналд Трамп не платил никаков данок на доход за 10 од 15 години, почнувајќи од 2000 година, бидејќи пријавил дека изгубил значително повеќе пари отколку што заработил, објави „Њујорк Тајмс”.

И во годината кога победи на претседателските избори и во првата година во Белата куќа, Трамп платил само 750 американски долари данок на доход.

„Њујорк Тајмс” во општирен извештај ги опишува големите финансиски загуби и долгогодишното избегнување плаќање данок од страна на Трамп.

На брифинг во Белата куќа, Трамп ја негираше приказната и рече дека плаќа „многу” данок на доход.

– Плаќам многу и плаќам многу данок на доход, рече тој.

На дополнителни новинарски прашања, Трамп одби да одговори колку данок платил. Тој само го напушти брифингот, пренесува Си-Ен-Ен.

Според „Тајмс”, Трамп ги искористил 427,4 милиони долари кои му биле платени како продуцент на емисијата „Приправник” за да ги финансира своите други ангажмани, претежно неговите терени за голф.

„Тајмс” пишува и дека Трамп со години се борел против Даночната управа околу тоа дали загубите што ги пријавил требало да резултираат со враќање на данок од околу 73 милиони долари.

Адвокатот на Трамп, Алан Гартен, како одговор на обвинувањата во „Тајмс” рече дека „повеќето, ако не и сите факти, не се точни” и побара да се прегледаат документите.

„Тајмс” тврди дека нема да ги објави податоците за даночната пријава на Трамп за да не ги загрози неговите извори. Податоците што ги собрале не ги вклучуваат неговите лични пријави за 2018 или 2019 година. 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот