„Њујорк Тајмс“: Измамници украле стотици милиони долари од бенифиции за невработени во САД

Долари/ Фото Архива на СП

Весникот Њујорк Тајмс објави дека измамници го искористиле зголемениот обем на работа на американските службеници за време на пандемијата и притоа украле стотици милиони долари.

Американските власти веруваат дека организирана мрежа измамници украла стотици милиони долари со фалсификување на побарувањата за бенефиции за невработеност во Вашингтон и шест други држави. Весникот се повикува на тајната служба на САД и локалните власти.

Според медиумот, измамниците го искористиле обемот на работа на американските вработени за време на пандемијата и поднеле побарувања за бенефиции за невработени во име на вработени лица. Нивните лични податоци, вклучувајќи адреси, броеви за социјално осигурување, телефонски броеви и дебитни картички, биле украдени од хакери долго пред кризата со Ковид-19.

Во многу региони, парите биле префрлани директно на банкарски сметки наведени во лажните побарувања.

Во државата Вашингтон, властите дознале за проблемот во последните денови, кога почнале да примаат повици од американски граѓани кои се прашуваат зошто добиле потврда на е-пошта за придобивките што не им биле потребни.

„Тоа беше удар за нас”, рече Сузи Левин, шеф на оддел за вработување во Вашингтон.

Весникот имал увид во документ од тајните служби за постоење информации за вмешаност на нигериска група измамници во „потенцијална кражба од стотици милиони долари”. Специјалниот агент Рој Дотсон потврдил за весникот дека таква истрага е во тек, но нема идентификација на конкретни сторители.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот