-1 C
Скопје

Њујорк тајмс: Експресната пресуда за Вилан укажува дека Москва подготвува понуда за размена на затвореници со Вашингтон

Пресудата на рускиот суд за американскиот граѓанин Пол Вилан е „исмевање на правдата” и покажува „колку ниско” се паднати односите меѓу САД и Русија, изјави синоќа американскиот амбасадор во Москва Џон Суливан.

Вилан, поранешен маринец со американско, британско и канадско државјанство, вчера од суд во Москва беше осуден на 16 години затвор заради наводна шпионажа.

Според американските набљудувачи, оваа пресуда го открива неуспехот на администрацијата на претседателот Доналд Трамп да ги подобри односите со Кремљ.

 Исто така, експресно донесената пресуда во неколку судски рочишта кои се одвиваа изминативе недели, а кои беа затворени за јавноста, укажува дека Москва се подготвува да го понуди Вилан во размена на затвореници со Вашингтон.

Според Њујорк тајмс, адвокатот на осудениот, Владимир Жеребенков, укажа дека тој веќе добил таква понуда од руските власти.

Весникот шпекулира дека руското МНР наскоро може да истапи со такво барање и дека Кремљ, најверојатно, е заинтересиран да го добие назад Виктор Бут, озлогласен трговец со оружје кој одлежува долгогодишна затворска казна во САД, или Константин Јарошенко, руски пилот осуден за трговија со наркотици.

Пред да биде уапсен од руските власти, Вилан работел како шеф на обезбедување на меѓународна компанија за производство на делови за автомобили со седиште во Мичиген. Тој имал симпатии кон руската култура и како турист често патувал во Русија каде стекнал повеќе пријателства.

Откако беше задржан во декември 2018 во Москва, неговиот адвокат укажа дека Вилан се нашол на радарот на руската тајна служба преку познанства со руски воени лица од низок ранг. Агенти на Федералната служба за безбедност (ФСБ) упаднале во неговата соба во елитен хотел во близина на Кремљ и според адвокатот, нашле УСБ со податоци што откривале дека тој е шпион.

Прочитајте и...  „Дигитализациjа во земjоделството – СЕГА!", нов проект на Рурална коалиција

 Вилан се изјасни дека мемориското стикче било подметнато.

Според обраната тој го добил УСБ-то од пријател и очекувал мемориското стикче да содржи фотографии од неодамнешна посета на манастир во близина на Москва.

 -Информацијата во него беше лажна. Тоа беше провокација, изјави адвокатот Жеребенков.

Односите меѓу Вашингтон и Москва се тензични, откако Москва истапи од повеќе договори за ограничување на вооружувањето, а Вашингтон за возврат неодамна го напушти договорот за отворено небо, со кој двете страни можеа да прават воздушни прелети за надгледување дали едната или другата разместуваат оружје или ракетни капацитети на своја територија.

Поврзани вести

За ЕУ нема алтернатива, членство во ЕЕЗ е само преодно решение

Слободен печат

Облачно со сончеви периоди и ветер, снег на југ

Слободен печат

Колку чини еврото денеска?

Слободен печат

Четвртиот пакет ги исклучи оние од третиот: Од 78.000 приговори за помош од 6.000 денари, прифатени само 2.132!

Соња Кириџиевска

Палењето знаме е примитивизам што треба да се казни

Соња Христовска Угриновска

На денешен ден – 16 јануари

Марина Дамческа

Остави Коментар