„Њујорк тајмс”: Анти-ковид вакцината не содржи микрочип за набљудување и следење на луѓето

Фото: forbes.com

Во вакцината против ковид-19 на американската компанија „Фајзер” и на германската „БајонТек“ нема микрочип, напиша денеска влијателниот американски весник „Њујорк тајмс”.

Авторот на текстот Кетрин Ву ги следи обидите за дезинформации на социјалните мрежи. Таа категорично ги отфрла теориите на заговор што кружат преку интернет, според кои, американската Влада ставила микрочип во вакцината за набљудување и следење на луѓето.

Вакцината на „Фајзер” и „БиоНТек” содржи 10 состојки.

Активната состојка е молекула наречена РНК или mRNA која содржи генетски упатства за коронавирусен протеин наречен Спајк и ги „упатува” човечките клетки да го произведат. Ова му помага на телото да ја научи една од карактеристиките на вирусот, така што ќе може да се препознае и уништи ако се обиде да предизвика инфекција.

Останатите девет состојки се:

Четири липиди: Три со неверојатно сложени хемиски имиња кои формираат мрсен, заштитен меур околу mRNA и холестерол.
Сахароза (шеќер)
Четири видови на соли: калиум хлорид, монобазен калиум фосфат, основен натриум фосфат дихидрат и натриум хлорид (готварска сол).

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот