Њујорк никс е највреден НБА клуб, „тежи“ дури 4.6 милијарди долари

твитер

Американскиот магазанин „Форбс“ ја објави листата на највредните НБА екипи.

Според најновата листа на „Форбс“, првото место на најбогати НБА франшизи и понатаму го држи Њујорк никс, а првите места се за екипите кои доаѓаат од најголемите градови во САД. Вредноста на тимот од големото јаболко е проценета на 4.6 милијарди долари иако тимот во последните 15-тина години бележи катастрофални резултати.

По Њујорк, на второто место на највредни НБА екипи е Лос Анџелес лејкерс кој е проценет на 4.4 милијарди долари, додека вредноста на Голден Стејт вориорс изнесува 4.3 милијарди долари и тоа багодарение на трите шампионски титули во последните пет години.

Згора на тоа „воините“ имаат неверојатен раст на вредноста, бидејќи во 1999 година, тимот вредеше само 140 милиони долари.

Најевтин тим во НБА лигата е Мемфис гризлис кој е проценет на 1.3 милијарди долари.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот