Њујорк најдобар финансиски центар, Лондон втор, Шангај пред Токио

Њујорк го задржа првото место на светската ранг листа на финансиски центри, а Лондон го обезбеди второто место пред целосното излегување на Велика Британија од Европската унија, покажува денеска објавено истражување.

Индексот на глобалните финансиски центри (ГЦФИ) се заснова на истражување спроведено од групата З/Јен во партнерство со Кинескиот институт за развој и вклучува истражување на 8549 професионалци во финансискиот сектор и нивните над 54.500 оценки.

Финансиските експерти ја проценуваат политичката стабилност, регулаторната средина, достапноста на квалификувани работници, квалитетот на животот, инфраструктурата, достапноста на капиталот, ликвидноста на пазарот, угледот и културната разновидност.

– ГФЦИ28 покажува зголемена доверба во водечките финансиски центри, но и општ пад на довербата во другите центри, рече Мајкл Мајнели, извршен директор на З/Јен.

Резултатите од индексот покажуваат поголеми осцилации како резултат на неизвесностите поврзани со трговијата, политичката стабилност и економското влијание на пандемијата на коронавирусите, додаде Мајнели.

– Новите начини на работа претставуваат предизвик за концептот на традиционален финансиски центар. На пример, гледано од физичка перспектива, Ковид-19 има разорни економски последици за градот Лондон, но финансиските услуги во југоисточна на Англија постигнаа добра година, појасни директорот.

Шангај го престигна Токио и го зазеде третото место, додека петтото и шестото место им припаднаа на Хонг Конг и Сингапур. 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот