Њујорк ги откажа примарните избори за номинација демократски претседателски кандидат

Њујорк е првата држава која откажа избори, останатите сојузни држави, напротив или ги одложија примарните избори на други дати, или пак ги оддржаа со помош на далечинско гласање преку пошта.

Властите на сојузната држава Њујорк го откажаа примарното гласање за избор на демократски претседателски кандидат поради ширењето на коронавирусот, соопшти денеска „Њујорк тајмс”.

Изборите требаше да се одржат на 23 јуни, и конечната одлука да нема избори е донесена од Комисијата за избори на Њујорк.

Весникот јави дека поддржувачите на Берни Сандерс, еден од главните претенденти за претседателски кандидат, се против оваа одлука. На 8 април Сандерс објави дека излегува од трката и потоа ја поддржа кандидатурата на поранешниот потпретседател на САД, Џо Бајден.

Со оваа одлук, Њујорк е првата држава која откажа избори, останатите сојузни држави, напротив или ги одложија примарните избори на други дати, или пак ги оддржаа со помош на далечинско гласање преку пошта.

Според најновата анкета на истражувачкиот центар ССРС, рејтингот на Бајден е повисок од оној на актуалниот претседател Доналд Трамп.

Според анкетата, на претстојните претседателски избори за Бајден се спремни да гласаат 53 посто од Американците, додека за Трамп се изјасниле дека ќе гласаат 42 посто од испитаните.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот