Њујорк ги олабавува мерките против коронавирусот

САД ковид/ Фото EPA-EFE/Alba Vigaray

Баровите и рестораните остануваат затворени, освен за преземање производи, додека работниците не смеат да се вратат во канцелариите.

Градот Њујорк, епицентарот на епидемијата од коронавирус во САД и едно од најтешко погодените подрачја во светот, од денеска почна етапно да се отвора после повеќемесечниот карантин.

Точно 100 дена од првиот забележан случај на зараза во најголемиот американски град почна попуштањето на мерките.

Во Њујорк починаа речиси 22 илјади луѓе од коронавирусот.

„Ова е денот кога почнуваме да се ослободуваме од оваа болст, ден кога повторно се покренуваме во овој град“, рече градоначалникот Бил де Бласио на прес конференцијата.

Ги предупреди жителите дека не смеат да се опуштаат.

Работниците се враќаат на работа, се отвораат продавниците

До 400 илјади работници ќе се вратат на работа во текот на првата од вкупно 4 фази на отворање на Њујорк.

Продавниците ќе се отворат, но намирниците ќе може само да се преземат зошто купувачите нема да влегуваат во нив.

Градежните работи, производството и продажбата на големо исто така се покренуваат.

Де Бласио очекува втората фаза од отворањето да почне на почетокот на јули.

Баровите и рестораните остануваат затворени, освен за преземање производи, додека работниците не смеат да се вратат во канцелариите.

Училиштата, театрите и музеите остануваат затворени

Училиштата, театрите и музеите остануваат затворени до последната, четврта фаза од отворањето.

Карантинот во Њујорк е најдолг во САД, а веќе неколку недели другите делови од Њујорк ги исполнија критериумите за покренување на економијата.

Гувернерот Куомо им нареди на 22 март на работниците вработени на работни места кои не се нужни да работат од дома.

Над 500 луѓе умираа дневно во Њујорк во пикот на панедемијата од коронавирус на почетокот на април.

Од тогаш значително се намалува бројот на починати и хоспитализирани дневно, а Де Бласио рече дека во понеделникот се хоспитализирани 67 лица.

Њујорк овозможи бесплатно тестирање на сите жители и го подобри системот за следење на контактите на заразените.

Отворањето на економија го комплицираат протестите

Отворањето на економијата дополнително се комплицира поради протестите против полициска бруталност и расизам, кои траат повеќе од една недела, а во неколку наврати во Њујорк прераснаа во грабежи и уништување на продавници, кои и така се тешко погодени од карантинот.

Ковид-19 непропорционално ги погодува малцинските групи, а според податоците на град Њујорк, Афроамериканците и Латиноамериканците имаат двојно поголема смртност отколку белците од таа болест.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот