НСОН бара зголемување на платите на просветните работници

Независниот синдикат за образование и наука (НСОН) денеска ја поздрави одлуката на Владата и Министерството за труд и социјална политика да ја зголемат платата на вработените во градинките.

Сметаат дека платите на просветните работници се под просекот на просечната плата во државата. Бараат од Владата и од Министерството за образование и наука зголемувањето на платите на просветните работници да биде слично или исто како зголемувањето на вработените во градинките.

– Знаеме дека подолг временски период платите на наставниците стојат во место, освен едно мало зголемување што имаше претходната година од пет отсто. Во изминатиот период такви зголемувања речиси не постоеја, изјави потпретседателот на НСОН, Енвер Ајдини пред просториите на Министерството за образование и наука.

Прочитајте и...  Руското МНР: Одлуката за Аја Софија е внатрешна работа на Турција

Додаде дека најавеното зголемување на платите од пет отсто на просветните работници не е решение на проблемите во образованието. Тој посочи дека наставниците се на маргините на егзистенцијата и нивната мотивација во работата се намалува. Наместо наставникот да се насочи кон својот професионален и кариерен развој, како што рече, тој повеќе е насочен на тоа како да ги подмири сметките.

– Ние како наставници не можеме да ги мотивираме идните генерации да студираат и да станат наставници. Поради овој факт во последно време имаме недостиг на кадри, особено по предметите математика, хемија, физика итн. Во повеќе училишта поради недостиг на кадри се намалуваат работните часови по овие предмети, а можеби во некои училишта овие предмети и ќе се укинат зошто нема кој да предава, рече Ајдини.

Прочитајте и...  Град Скопје: Остануваат средства за околу 4.000 апликации за субвенции за инвертери

Информира дека НСОН е член на Конфедерацијата на синдикални организации и заедно со нив ги планираат идните чекори. Најави дека ќе пратат барање за средби во ресорното Министерство и со ресорниот министер.

Прочитај повеќе

Нема граница за мигрантите помеѓу Македонија и Грција

Градоначалникот на Сеул кој се самоуби е обвинет за сексуална злоупотреба

Слободен печат

Отворен аеродромот во Милано, првите два дена без летови

Слободен печат

Путин: Бројот на смртни случаи од коронавирус во Русија е многу помал од други земји

Слободен печат

ПСИХИЈАТРИТЕ ПРЕДУПРЕДУВААТ: После секоја криза, следи криза на ментални болести

Мирослава Бурнс

Поведена постапка за убиство на женско лице кое беше пронајдено во атар на Горно Оризари

Слободен печат

Остави Коментар

Прочитај повеќе

Руското МНР: Одлуката за Аја Софија е внатрешна работа на Турција

Слободен печат

Српскиот доктор со загрижувачки информации: Млади пациенти умираат во рок од 24 до 48 часа

Слободен печат

Француски епидемиолог предупредува: Би бил изненаден ако имаме ефикасна вакцина пред 2022 година

Слободен печат

Гласањето на болните од Ковид-19 досега без проблеми, рече Филипче

Слободен печат

Шпан: Борбата против коронавирусот е тимска игра

Слободен печат

Ново германско истражување не дава надеж: Влијанието на вакцина против коронавирус е доведено во прашање

Слободен печат