НСДП: Централниот изборен штаб ќе го раководи Кристијан Трајковски

НСДП, Фото: Архива

Централниот одбор на НСДП денес во Скопје одржа редовна седница на која се разговараше за подготовка на партијата за претстојните предвремени парламентарни избори кои ќе се одржат на 12 април во 2020 година. Со одлука на Централниот одбор се формираше Централен изборен штаб, со кој ќе раководи генералниот секретар на партијата Кристијан Трајковски.

Со тимот што ќе ја подготви Изборната програма ќе раководи претседателот на партијата Тито Петковски.

„Во поглед на ново настаната политичка ситуација поврзана со интегративните процеси на земјата во ЕУ и ставовите на Франција во однос на европските перпективи на земјите од Западен Блакан, Централниот одбор на партијата ја афирмира потребата од постигнување на надпартиска сплотеност помеѓу сите политички чинители во земјава, пред се на парламентарните партии, во обезбедувањето на позитивна политичка клима која ќе ја олесни реализацијата на стратешката определба за полноправно членство во Европската унија. Во оваа насока, НСДП е на став парламентарните политички партии да демонстрираат јасна политичка волја Собраните на Република Северна Македонија, до своето распуштање во пресрет на предвремените парламентарни избори, да го донесе новиот закон за јавно обвинителство и да се одблокира работата на Комисијата за избори и именувања, со цел овозможување на функционирање на регулаторните тела кои се во нејзина надлежност“, се вели во соопштението од НСДП.

НСДП ги повикува парламентарните политички партии да посветат повеќе внимание и да се вклучат во зајакнување и развивање на дипломатската активност на Собранието со посебен фокус на унапредување на надворешно-политичките односи кои ги имаме со Франција. НСДП дава поддршка на промена на изборниот модел за избор на пратеници во насока на пропорционален изборен модел со една изборна единица, без изборен праг.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот