Новозеландската премиерка Ардерн позитивна на Ковид-19

Премиерката на Нов Зеланд, Џасинда Ардерн е позитивна на Ковид-19, со умерени симптоми и ќе биде во изолација дома седум дена, соопштија од нејзиниот кабинет.

Ардерн веќе беше во изолација од минатата недела, кога нејзиниот партнер Кларк Гејфорд беше позитивен и требаше да продолжи со работа од понеделникот.

Нов Зеланд воведе еден од најрестриктивните пристапи во светот за управување со епидемијата на Ковид-19 од нејзиниот почеток во 2020 година, а бројот на смртни случаи од болеста, 892, останува меѓу најниските во развиените земји.

Сепак, бидејќи ограничувањата се олеснија во март и со „растот” на Омикрон, позитивниот случај на Ардерн е меѓу повеќе од 50.000 регистрирани во текот на изминатата недела.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот