Новозасадените дрвца кај поликлиника „Чаир” не издржаа ниту една ноќ

Фото: МИА

Непознати сторители изминатата ноќ украле девет украсни садници од јавното зеленило пред Поликлиниката „Чаир” во Скопје кои екипите на ЈП „Паркови и зеленило” ги засадија во текот на вчерашниот ден.

Град Скопје соопшти дека со кражбата е причинета материјална штета, а претходно уреденото зеленило на локацијата е изгазено и уништено. Инцидентот е пријавен во полиција.

Екипите на Град Скопје и на ЈП „Паркови и зеленило” деновиве се на терен во сите скопски општини и засадуваат нови зимзелени и листопадни дрвца за да ги обноват уништените дрвореди по должината на градските улици и булевари и за да подигнат нови. Во оваа есенска акција за засадување дрвја, на местото на украдените садници пред Поликлиниката „Чаир” ќе бидат засадени нови садници.

– Засадувањето дрвја е приоритет на Градот Скопје како влог за чиста и здрава животна средина. Скопје и скопјани заслужуваат да имаат убаво уредени зелени површини. Поради тоа, Градот Скопје апелира до граѓаните да ги чуваат дрвјата и другото зеленило на јавните зелени површини и да придонесат за почиста и поздрава животна средина- се вели во соопштението од Град Скопје.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот