Новозаразени на ковид-19 во РК Вардар, одложен уште еден меч во ЛШ!

Фото: rkvardar.mk

Ракометниот клуб Вардар 1961 објави дека е одложен натпреварот од ЕХФ Лигата на шампионите против екипата на ПСЖ.

Овој меч помеѓу македонскиот и францускиот претставник беше закажан за 10 декември 2020 година во СЦ „Јане Сандански“ – Скопје.

РК Вардар 1961 ја известува јавноста дека во своите редови се појавија новозаразени членови од ковид-19.

Веднаш беше информирана Европската ракометна федерација (ЕХФ) која треба да го закаже дуелот во друг термин.

Во групата „А“ „црвено-црните“ предводени од тренерот Стевче Алушовски се на шестата позиција со три бода од пет натпревари, а ПСЖ е четвртопласиран со шест бода од шест натпревари.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот