Новозаболените лица во Прилеп се на 73 и 74-годишна возраст

Со денешните нови два случаи на потврдени заболени лица со Ковид-19, во Прилеп вкупно се осум заразени лица. Како што информираат од прилепскио Центар за јавно здравје станува збор за маж и жена на возраст од 73 и 74 години. И двајцата биле во контакт со првите два потврдени случаи на корна вирус. Сместени се на Инфективното одделение во прилепската градска болница „Борка Талески”.

– Во моментов се прават епидемиолошки анкети и се ставаат под здравствен надзор сите нивни контакти. Исто така ќе бидат земени брисеви од сите нивни блиски контакти, изјави директорката на Центарот, Драгица Николоска.

Имено, првите два случаи на заболени во Прилеп се сопружници на над 60-годишна возраст. Вчера евидентираните четири заболен лица се: едно дете на девет годишна возраст, две жени на 35 и маж на 36-годишна возраст.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот