Новото дефинирање на вирусот го зголеми бројот на заразени со Ковид-19

Здравствените власти на Кина претходно денеска соопштија дека откако почнале да ги користат новите методи за дијагностицирање на болеста бројот на жртви од новиот коронавирус во кинеската провинција Хубеи нагло се зголеми за 242, но нагло порасна и бројот на заразени – за 14.840.

Брзото зголемување на бројот на нови случаи на Ковид-19 во Кина е резултат на „пошироко дефинирање” на болеста, кое почна да се применува, соопштија денеска претставници на Светската здравствена организација.

– Новото дефинирање го проширува бројот на случаи затоа што вклучува не само случаи потврдени во лабораторија, туку и оние клинички дијагностицирани врз основа на симптоми и изложеност, рече портпаролот на СЗО Тарик Јашаревиќ.

Тој додаде дека Светската здравствена организација побарала од Кина дополнителни објаснувања за новото дефинирање на болеста и начинот на известување за епидемијата на коронавирусот.

Здравствените власти на Кина претходно денеска соопштија дека откако почнале да ги користат новите методи за дијагностицирање на болеста бројот на жртви од новиот коронавирус во кинеската провинција Хубеи нагло се зголеми за 242, но нагло порасна и бројот на заразени – за 14.840.

Прочитајте и...  „Форен полиси“: Советот за безбедност при ОН е парализиран среде пандемија поради несогласувањата на САД и Кина

Ова е рекорден број на регистрирани смртни случаи и зарази во еден ден, со што вкупниот број на луѓе кои починале од последици од новиот коронавирус во Кина сега се зголеми на 1.310, а бројот на заразени на 48.206.

Здравствените власти во провинцијата, жариштето на коронавирусот, објавија дека од денеска во билансот ги вклучуваат и луѓето кај кои болеста е дијагностицирана со новите методи.

Провинциската здравствена комисија минатата недела најави дека ќе почне да ги признава резултатите од компјутерска томографија, радиолошки метод на снимање на пациентите, како потврда за инфекцијата, што им овозможува на болниците побрзо да ги изолираат пациентите.

Провинцијата Хубеи претходно ги признаваше само резултатите од тест со рибонуклеинска киселина, кој покажува присуство на вирусот, но потребно е извесно време да се добијат резултати.

Прочитајте и...  Го откриваат присуството на вирусот за неколку минути: Овие земји развија брзи тестови за корона

Користењето на скенер може брзо да покаже инфекции на белите дробови, така што пациентите ќе можат навреме да почнат со лекување и со тоа да се зголеми и можноста да бидат излекувани.

Прочитај повеќе

Најнова мапа на заразени со коронавирус: 142 лица се од Скопје, 29 од Карпош

Мирослава Бурнс

Го откриваат присуството на вирусот за неколку минути: Овие земји развија брзи тестови за корона

Слободен печат

Актерката Ана Костовска од државниот карантин: Ова е за мене потврда дека можам да верувам на планот на одговорните во градов и државава

Слободен печат

Основното јавно обвинителство Охрид ќе ја истражува смртта на жената од Струга

Слободен печат

Само еден пациент позитивен на коронавирус се лекува во болницата „8 Септември“

Слободен печат

Уште двајца заразени во Црна Гора, вкупно 84 лица позитивни на коронавирус

Слободен печат

Остави Коментар

Прочитај повеќе

Шпанската полиција стана вистински хит на социјалните мрежи (ВИДЕО)

Стравотна тишина и бројни полициски контроли на скопските улици (ВИДЕО)

Горан Наумовски

Проповедник позитивен на коронавирус посетил 15 села во Индија, засега непознато колку луѓе заразил (ВИДЕО)

Слободен печат

Го бранеше Трамп со тезата дека коронавирусот е измама на демократите, па доби отказ од Фокс њуз

Слободен печат

Како изгледа кога полицијата интервенира во проблематичните делови на Париз (ВИДЕО)

Слободен печат

ПОРАДИ КОРОНАВИРУСОТ: Сите баратели на азил во Португалија ќе станат постојани резиденти

Слободен печат