Новото балканско чудо, највисокиот кошаркар на светот! (ВИДЕО)

Принтскрин: MaxPreps/Facebook/YouTube/GreatestHighlight

Станува збор за Роберт Боброзки, со неполни 19 години, Унгарец роден во Романија, сега е највисок кошаркар во светот (231 см), дури девет сантиметри повисок од српскиот „џин“ Марјановиќ.

Роден во Арад, неговиот татко се занимаваше со кошарката, а неговата мајка со одбојка и ракомет. Уште во периодот кога имаше 12 години го надмина својот татко и достигна висина од 218 сантиметри.

Ја напушти Романија на 14 годишна возраст и замина во италијанскиот клуб Стела Азура во кој изразна НБА асот Андреа Барњани, поранешниот прв пик на драфтот. Поради неверојатниот раст постојано мора да оди на медицински испитувања и заклучено е дека Роберт е „чудо на природата“.

Видливо е дека му недостасува мускулна маса и правилно движење, но од друга страна има одличен шут и реализација и многумина го гледаат како наследник на легендарниот сонародник Георги Мурешан во НБА.

Мурешан играше во најсилната светска лига за Вашингтон и Њу Џерзи и ќе остане запишан како највисок кошаркар покрај Мануте Бол во историјата на НБА со 231 сантиметар. Баш толку колку што денес има Боброзки кој би можел да биде новата светска кошаркарска сензација..

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот