Новост на Гугл: Интернет-гигантот го менува начинот на следење на вестите
Најпопуларниот интернет-пребарувач Гугл го менува алгоритмот за пребарување на вести, промена поради која во иднина на врвот на веста ќе се прикажува оригиналниот извор. Со тоа, при отворање на Гугл-вестите, на прво место повеќе нема да бидат најпопуларните и „најкликаните“ вести, туку оригиналната, која е создадена со истражувачко новинарство, објави „Дневно.хр“.
– Во денешниот, забрзан свет на вести, оригиналното извесување за некоја тема не останува долго на врвот на вестите – напиша потпретседатеот за вести на Гугл, Ричард Гинграс.
Компанијата ќе издаде и насоки за своите оценувачи.
– За да помогнеме да се сфати авторитетот на некои страници при пребарување во нашиот систем, имаме повеќе од 10 илјади оценувачи ширум целиот свет, кои ја проценуваат нашата работа – истакнува Гринграс.
Тој исто така е оптимист во поглед на новиот алгоритам, велејќи дека дозволувањето на подобар пристап на оригиналното истражувачко новинарство, ќе им помогне на луѓето подобро да бидет информирани се вестите кои се заинтересирани и им значат нешто.