Новопримените професионални војници дадоа свечена заклетва, заменик министерот Хасани им порача да бидат горди, стануваат дел од НАТО – Армија

Новопримените професионални војници кои беа дел од последниот конкурс на Министерството за одбрана за прием на 200 професионални војници, денеска во касарната „Алексо Демниевски – Бауман” во Велес, ја дадоа својата свечена заклетва.

Заменик министерот Башким Хасани на новопримените професионални војници во свое име и во име на министерката за одбрана, Радмила Шекеринска им ја честиташе свечената заклетва и им порача да бидат горди на себе затоа што стануваат дел од институција во која граѓаните имаат најголема доверба.

„Влегувате во институција која е најпочитувана, најценета, институција која своето реноме го има изградено затоа што секогаш и секаде била прва во помошта на нашите граѓани”, истакна заменик министерот.

Хасани порача дека Армијата денес не е сама – зад себе има 29 сојузници, секоја од нив посветена на мирот, безбедноста и стабилноста, секоја од нив подготвена да ги брани овие вредности.

„Вие сте НАТО. Вие сте еднакви помеѓу еднаквите во најмоќната воено – политичка Алијанса во историјата на човештвото. Имајте самодоверба и самопочит, верувајте во своите капацитети. И, покажете дека припаѓаме таму, со најмоќните и највлијателните”, рече Хасани.

На професионалните војници им се обрати и командантот на Центарот за индивидуална обука, потполковник Виктор Еркиќ, кој истакна дека Армијата во професионалните војници гледа подмладок и нови капацитети и дека целокупниот нивен труд, успех и ангажирање ќе биде будно следен и вреднуван.

На давањето свечена заклетва во велешката касарна присуствуваа и заменик-началникот на Генералштабот на Армијата, генерал-мајор Азим Нуредини и заменик командантот на Командата за обука и доктрини, полковник Стојанчо Тодоров.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот