Новооткриени 57 случаи со ХИВ/СИДА, половина од нив во Скопје

Според податоците од Институтот за јавно здравје во 2019-та има 57 новооткриени случаи со ХИВ/СИДА, 16 повеќе од лани.

Меѓу новозаразените само 2 се жени, а повеќето мажи вирусот го добиле по хомосексуален пат. Просечната возраст е 34, а има и 19 годишни и лица над 50 години. Речиси половина од новите случаи се од Скопје, а инфицирани има и во други 12 градови.

Годинава во државата 700 лица бесплатно се тестирале за Хив. Само кај една третина вирусот бил навреме дијагностициран што е клучно за понатамошниот третманот. За 32 години од првиот случај во државата регистрирани се 460 лица со Хив/Сида, 104 починале.

Кумулативни податоци за Македонија за период 1987-2019 година

  • Од 1987 до сега се регистрирани 460 случаи на ХИВ
  • 404 (88%) се од машки пол а 56 (12%) се од женски пол
  • 104 лица починале од причини поврзани со ХИВ

Начин на пренесување (трансмисија) на ХИВ

  • 56% од случаите се кај мажи кои имале секс со маж,
  • Хетеросексуалниот начин на пренос е регистриран кај 36% од случаите.
  • Лица кои инјектираат дроги учествуваат со 2,5%.
  • По 6 случаи се регистрирани кај лица со хемофилија (последниот пред 15 години) и пренос од мајка на дете.

Дистрибуција по возрасни групи

  • 64% од лицата кои живеат со ХИВ во Р.С. Македонија се на возраст од 20-39 години

 Состојба со ХИВ во Р.С. Македонија во 2019 година

  • Пријавени се 57 нови случаи на ХИВ, од кои 55 се од машки пол
  • Просечната возраст на новите случаи е 34 години (од 19 до 64 години)
  • 44 лица или 77% се на возраст од 20 до 39 години
  • 9 случаи биле на возраст од 40-49 години, еден на возраст од 19 години и 3 се постари од 50 години.
  • 70% од случаите се мажи кои имале секс со мажи ( МСМ)
  • 28% од лица пријавиле хетеросексуален начин на пренос
  • 27 случаи се со место на живеење во Скопје
  • 30 случаи се регистрираат од 12 други градови од Р.С. Македонија.

Оваа година за прв пат на Mеѓународниот ден за борба против ХИВ изостана официјална прес конференција од здравствените власти.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот