Новомаалци разочарани од соседите од Градски ѕид

Жителите на Ново Маало во чија близина е предвидена изградна на три висококатници на паркингот спрото „Холидеј ин“ ја осудија намерата на нивните соседи од Градски ѕид да тужат поради најавената градба. Нивното писмо до јавноста го пренесуваме во целост:

„Ние жителите на Ново Маало целосно сме разочарани од нашите сограѓани, нашите комшии кои живеат во Градски ѕид кои поднеле иницијатива за стопирање на градбата на Холидеј Ин. Тие директно сакаат да не спречат ние да го решиме нашиот долгогодишен проблем. Крајно несовесно е тие од удобноста на своите домови, кои патем исто така се наоѓаат во високи кули, да покренуваат постапки со кои ние не можеме да си го реализираме нашето загарантирано право. Сакаме да ги потсетиме дека кога нивните кули се градеа пред 50 години, тие доаѓаа кај нас да им помагаме, земаа вода и добиваа поддршка на секој начин.
Овој нивни гест на себичност е за секоја осуда. Нивното право на ниеден начин не се нарушува, но нашето да. Тие на ниеден начин нема да бидат оштетени, но ние да. Бараме итно да се повлечат од таа иницијатива и да покажат хуманост и доблест.
Понатаму, сакаме да ја информираме јавноста, дека во моментов собираме потписи за петиција која во понеделник ќе ја доставиме до сите надлежни институции. Ние имаме права како и сите други граѓани, а повеќе од 50 години не можеме да ги оствариме. Ние имаме право на живот во нормални услови, токму како оние кои секој ден се бунат против нас. Оваа битка ќе ја продолжиме до крај и со сите можни средства“, се вели во писмото потпишано од група граѓани, жители на Ново Маало.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот