Новогодишна елка од луѓе: Скопјани ќе се обидат да го урнат Гинисовиот рекорд

Скопје и скопјани, в сабота, во 13 часот, на плоштадот Македонија, ќе се обидат да го урнат Гинисовиот рекорд за најголема елка во светот направена од луѓе.

Сите граѓани што сакаат да бидат дел од обидот Скопје да влезе во Гинисовата книга на рекордите треба да бидат на плоштадот во 13 часот, велат од Град Скопје.

Во моментот најголемата елка од луѓе, според Гинис, е направена во Индија 2015 година со 4.030 учесници.

Настанот е дел од „Винтерленд“ и ќе биде збогатен со музичко-забавно програма, а за доброто расположение и празнична атмосфера ќе се погрижи Бени Шаќири.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот