Ново жариште на коронавирусот во Пекинг: Властите тестираат голем број луѓе

epa08484491 Paramilitary police officers and security staff wearing protective face masks stand guard next to the closed Xinfadi market, in Fengtai district, Beijing, China, 14 June 2020. One of Beijing's largest markets, Xinfadi in Fengtai district, was shut down on 13 June, and the district placed under lockdown following the confirmation of new domestic coronavirus cases which were linked to the Xinfadi market. EPA-EFE/ROMAN PILIPEY

Канцеларијата на градоначалникот на Пекинг објави дека сака да тестира околу 46.000 луѓе (од 22 милиони, колку што живеат во главниот град) на 24 места за тестирање во престолнината.

Пекинг денеска спроведе кампања за тестирање на поголем број лица на ковид-19 откако во градот изби ниво жариште на инфекцијата, поради што се стравува од втор бран епидемија во Кина.

Благодарение на заострените контроли, носењето маски и мерките за карантин коронавирусот речиси исчезна од кинеско тло, откако кон крајот на 2019 година се појави ви Вухан, па откритието на ново жариште на еден пазар во главниот град ги изненади сите граѓани во Пекинг.

Изолирани 11 станбени објекти

Кинеското министерство за здравство во неделата објави дека во последните 24 часа се забележани нови 57 случаи на ковид-19 во земјата. Од нив 36 се во Пекинг.

Сите се изолирани од големиот пазар Ксинфади, кој главно продава месо, риба и овошје. Се работи за главно место за снабдување со свежа храна во градот.

Тоа откритие доведе до изолација на 11 станбени зони. Сепак се работи за мал дел на Пекинг, кој во неделата и натаму живее нормално, далеку од било каква психоза.

Сакаат да тестираат 46.000 луѓе

Канцеларијата на градоначалникот на Пекинг објави дека сака да тестира околу 46.000 луѓе (од 22 милиони, колку што живеат во главниот град) на 24 места за тестирање во престолнината.

Сите кои работат или недомна биле на пазарот Ксинфади мора да бидат тестирани. Досега е направено тестирање на 10.881 лице, велат властите.

„Бев неодамна на пазарот. Поради тоа сакам да бидам сигурно дека немам ковид-19“, рече една 32-годишна жена за АФП пред атлетскиот стадион на кој се организираше тестирање.

„Ако си позитивен, одиш во болница. Ако си негативен, мораш во изолација 14 дена“, појасни таа.

Пазарот Ксинфади

Големиот пазар Ксинфади има неколку делови. Оние каде што се продава месо и риба во денеска се затворени, а ги чува полиција и воената полиција.

Делот на кој се продава овошје остана отворен.

Службените медиуми известија дека вирусот на пазарот е детектиран на површините кои служат за сечење увезено месо од лосос.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот