Ново зеленило во Нерези и Карпош 3

Нови украсни растенија се засадени во населбата Нерези, на потегот меѓу улиџите „Козле” 8 и 10.

Во акцијата, како што соопшти општина Карпош, се засадени 50 растенија од типот Buxsus и Juniperus. Овој дел од Карпош ќе биде раззеленет и со 20 висококвалитетни листопадни дрвја.

Дрвја денеска се саделе и во Карпош 3, меѓу Кинотека на Северна Македонија и ТЦ „Лептокарија”. Овие дрвја се донација од „Дајнерс Клуб”.

– Локалната самоуправа продолжува со континуирани акции, со цел, да го надомести изгубеното зеленило на својата територија, се наведува во соопштението од општина Карпош.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот