Ново засилување во Ливерпул доаѓа од Баерн!?

EPA-EFE/ANDREAS SCHAAD

Ливерпул е многу блиску да го обезбеди потписот на досегашниот играч од средниот ред на Баерн, Тијаго Алкантар, информираат британските медиуми.

Шпанскиот интернационалец се очекува да ги напушти бундеслигашките шампиони ова лето откако не беа успешни преговорите за нов договор во Минхен.

„Црвените“ толку убедливо ја освоија Премиер лигата, што експертите предвидуваат дека на Јирген Клоп не му се потребни никакви засилувања за следната сезона.

Но, германскиот менаџер не мисли така, како што и самиот истакнува, нема да троши милиони, но ќе биде активен на трансфер пазарот со цел уште подобар да биде тимот.

Една од желбите е токму шпанскиот фудбалер за врска Алкантара кој има уште 12 месеци од договорот со Баварците. Германците за услугите на играчот бараат 35 милиони евра, а Редси требаат да внимаваат на конкуренцијата, во Манчестер јунајтед и Манчестер сити.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот