Ново забавно но и корисно шоу: Актерите Петрушевска и Џамбазов преку еколошкото шоу „Агенда 21“ ќе апелираат за грижата за животна средина

агенда 21 игор џамбазов весна петрушевска
Фото: ПР

Убаво е кога се следат убави светски трендови, а уште подобро кога се работи за корисни чекори кои ќе допринесат за добродетот на човештвото. Во таков потег ќе ги видиме еминентните актери Весна Петрушевска и Игор Џамбазов во улога на водители на еколошкото шоу „Агенда 21“, во продукција на КМК.

Емисијата ветува добра забава, факти и повик за акција за ублажување на климатските промени, глобалното затоплување и деструктивноста кон природата од страна на човекот.

„Сигурна сум дека шоуто „Агенда 21“ ќе го задржи вниманието на гледачите, преку важни теми за животната средина. Интересен е фактот што направивме емисија која е налик на таканаречена „домашна седенка“ со поширокиот круг на семејството во која дискутираме, едуцираме, дебатираме и се забавуваме. Во светот но и дома сме сведоци на пожари, поплави и изумирање на безброј животински диви видови, така што во никој случај не треба да ги игнорираме овие предупредувања кои ги имаме, за да не биде предоцна за целото општество“, вели Весна Петрушевска.

агенда 21 игор џамбазов весна петрушевска
Фото: Агенда 21 / Извор: Промо

„Агенда 21“ ќе ги едуцира гледачите за моменталната состојба со животната средина во земјава, што всушност сите заедно можеме да направиме за да се грижиме за природата, бидејќи климатските промени се реалност и за тоа треба да се преземат сериозни чекори, како индивидуално така и од страна на институциите и компаниите.

„Крајно време беше некој да се позанимава на оваа тема. Мојата убава татковина, извор на бесконечно прекрасни пејсажи доживеав младите да ја викаат „Македонија-депонија“ што ми покажа дека нешто навистина сме згрешиле во нашето битисување“, изјави Џамбазов.

агенда 21 игор џамбазов весна петрушевска
Фото: Агенда 21 / Извор: Промо

„ТВ проектот го подготвувавме две години и бевме свесни за тежината кој ja носи. Откако започнавме да снимаме во градовите и селата, воочивме дека грижата за животната средина ни е на ниско ниво. Навистина е загрижувачки да гледате депонии големи колку цели села, а истите тие се „комшии“ на нашите урбани и рурални општини. За жал сето тоа ние како граѓани го „консумираме“ преку воздухот и почвата. Треба да преземеме акција уште денеска. Од 20-ти ноември секоја сабота во 20 часот следете не на телевизија Телма“, потенцираше Виолета Дамевска Ѓоргиева, продуцент на проектот.

Во „Агенда 21“ освен познатите актери кои се и водители Петрушевска и Џамбазов, ги придружуваат нивни млади актери – колеги како Кристијан Ѓоргиев, Анастасија Митровска и Јована Миладинова, со кои е вистински предизвик да дебатираат и разменат мислења.

агенда 21 игор џамбазов весна петрушевска
Фото: Игор Џамбазов и Весна Петрушевска / Извор: Промо

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот