НОВО ВСЕЛЕНСКО ОТКРИТИЕ: Научниците открија 20 за нас непознати месечини околу Сатурн

Фото: Профимедиа

Научниците објавија дека откриле нови 20 за нас досега непознати месечини кои кружат околу Сатурн. Сега, оваа планета има вкупно 82 природни сателити, за разлика од Јупитер кој има „само“ 79, пренесува „Србија данас“.

– Користејќи ги најголемите телескопи на светот, го довршуваме пописот на помали месечини кои орбитираат околу огормните планети. Тие можат да ни помогнат подобро да сфатиме како се формирале планетите во нашиот Сончев сиситем и како се развивале низ историјата – рече еден астроном.

Секоја од новите месечини ја поместува планетата за 5 километри, а 17 од нив имаат ретроградна ротација, односно се движат во спротивна насока од ротацијата на Сатурн. Тие припаѓаат во три групи на надворешни месечини на Сатурн. Ретроградните природни сателити припаѓаат на норвешката група (именувани се според термини од норвешката митологија), две месечини се во инуитската група, а еден е во галската група.

Астрофизичарите сметаат дека секоја од тие групи се создала од еден поголем сателит кој се распаднал на помали тела.

– Вакво групирање на надворешните месечини може да се забележи и кај Јупитер, што укажува на насилни судари меѓу месечините и составот на Сатурн или на судар со надворешни објекти, како астероиди или комети – откриваат експертите.

Интересен е фактот што галската месечина орбитира многу подалеку од своите „колеги“, што сугерира на фактот дека нешто го турнало подалеку во орбитата или воопшто не бил созаден од истиот судар како останатите месечини.

Околу Сатурн орбитираат и две месечини кои се посебно интересни на научниците, бидејќи на нив би можело да има вселенски живот. Така, Титан е едниствениот природен сателит со значајна атмосфера и единствено место кое му е познато на човекот освен Земјата, на чија површина има течности и стоечки води како реки, езера и мориња. Покрај различните течности на површината, уште поинтересен е фактот што забележани се неверојатни појави под неговите замрзанти површини. Имено, таму се наоѓаат океани во кои има повеќе вода од метан.

Поради тоа, НАСА планира во 2026 година на оваа месечина да испрати беспилотно летало кое на него ќе бара знакови за постоење на едноставни живи организми.

На месечината Енкелада, според најновите резултати од претходните податоци на НАСА, откриено е дека во гејзерите, кои од океанот под ледената површина на месечината во вселената исфрлаат големи количества на вода, постојат органски соединенија.

Покрај таинствените Енкелада и Титан, но и другите месечини, Сатурн има и голема бројка на внатрешни месечини кои се движат внатре или во непосредна близина на неговите прстени.

Внатрешните сателити имаат црвена боја поради тоа што прстените содржат железо и црвен органски материјал, а поодалечените сателити имаат сина боја поради ледот и водената пареа која извира од Енкелада.

Така, Пан е најцрвениот сателит на Сатурн, а орбитира во празнините меѓу прстените. Дафнис има најмала густина меѓу внатрешните прстени, што значи дека значително провидлив.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот