Ново важно откритие: Обична настинка може да пружи заштита од ковид-19

Фото Профимедиа

Високите нивоа на Т-клетки, кои се развиваат по изложеноста на организмот на зараза со коронавирусот, кои ги предизвикува обичната настинка, може да обезбедат заштита од ковид-19, се вели во студијата на Империјал колеџ во Лондон објавена во понеделникот, која би можела да отвори нови патишта за вакцините од втората генерација.

Имунитетот против ковид-19 е комплексен и се верува дека, иако постојат докази за намалување на нивото на антителата шест месеци по вакцинацијата, Т-клетките исто така играат витална улога во обезбедувањето заштита од вирусот.

Студијата, која започна во септември 2020 година, ги испитуваше нивоата на Т-клетките како резултат од претходна обична настинка кај 52 контакти во домаќинството со позитивни случаи на ковид-19 набрзо откако испитаниците биле изложени на вирусот за да се види дали развиле инфекција.

Утврдено е дека 26 луѓе, кои не ја развиле инфекцијата, имале значително повисоки нивоа на овие Т-клетки во споредба со луѓето кои се заразиле.

Империјал колеџ не кажал колку долго ќе трае оваа заштита којашто ја пружаат Т-клетките.

„Откривме дека високите нивоа на веќе постоечки Т-клетки, кои телото ги произведува кога е заразено со други човечки коронавирус, како што е обичната настинка, може да заштити од инфекција со ковид-19“, рекла авторката на студијата д-р. Рија Кунду.

Авторите на студијата, објавена во „Nature Communications“, рекле дека внатрешните протеини на вирусот SARS-CoV-2 што ги таргетираат Т-клетките би можеле да понудат алтернативен пат за производителите на вакцини.

Актуелните вакцини против коронавирусот кој го предизвикува ковид-19 се насочени кон шилестиот протеин, кој редовно мутира, создавајќи варијанти како што е омикрон кои ја намалуваат ефикасноста на вакцината против симптоматска инфекција.

„Спротивно на тоа, внатрешните протеини на кои целат (таргетираат) заштитните Т-клетки што ги идентификувавме мутираат многу помалку“, вели професорот Аџит Лалвани, коавтор на студијата.

„Следствено, тие се разликуваат мошне помалку од една до друга варијанта на вирусот SARS-CoV-2, вклучително и омикрон. Според тоа, новите вакцини што ги таргетираат овие внатрешни протеини ќе развијат сеопфатни одговори на заштитните Т-клетки коишто би требало да штитат од сегашните и идните варијанти на SARS-CoV-2“.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот