Ново училиште е решение за наставата во Идризово

Арбер Адеми/ Фото: МИА

Се договоривме да најдеме долготрајно решение, а тоа е изградба на нов училишен објект во Идризово, не само за децата Албанци, туку за сите деца од ова село  – оваа изјава на министерот за образование и наука Арбр Адеми, помина со овации од родителите на дечињата ученици. Целта е да се надмине проблемот што настана откако децата-Албанци од шесто одделение одбија да посетуваат настава од причина што нема можност за следење на наставата на албански јазик.

– Но, во меѓувреме консултациите продолжуваат, што од понеделник? Каде овие деца ќе продолжат со наставата? Така што Наредните денови, почнувајќи уште од утре, иако не е недела, ќе продолжиме заедно со градоначалникот, заедно со пратениците, со консултациите, да бараме решение кое ќе прифатливо и за децата од шесто одделение – рече Адеми.

Градоначалникот на Гази Баба, Борис Георгиевски изјави дека заеднички и со родителите ќе бараат решение.

-Разговараме и за долгорочно решение каде што треба да имаме нова училишна зграда каде што жителите од Идризово и Дрма бидејќи е во непосредна близина, ќе имаат нова  современа зграда каде што ќе ги приберат дечињата и Македонци и Албанци од овој реон – изјави градоначалникот на Гази Баба, Борис Георгиевски.

На средбата присуствуваа пратениците од ДУИ и СДСМ, Артан Груби и Мухамед Зекири.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот