Ново судење на Навални – му се заканува затворска казна од 10 години

Фото: EPA-EFE/YURI KOCHETKOV MANDATORY CREDIT

Со малсимални мерки на обезбедување започна ново судско рочиште на рускиот опозициски лидер Алексеј Навални во затвор Почна новото судење на рускиот опозициски лидер Алексеј Навални во затвор , источно од главниот град Москва, каде што тој веќе отслужува двегодишна затворска казна.

Според Би-Би-Си, против Навални се покренати нови обвиненија за измама. Тој веќе една година е зад решетки, откако преживеа напад со труење зад кој, според обвинувањата, стои Кремљ.

Во новите обвиненија Навлни се терети за кражба на 4,7 милиони долари во донации дадени за неговите политички организации.
Доколку ов ие обвинувања бидат доакажани Навални би можел да добие продлжување на сегашната затворска казна на повеќе од 10 години.


Четириесет и пет годишниот Навални беше уапсен веднаш отако се врати во Русија во јануари 2021 година, по повеќемесечно лекување во Германија, откако беше отруен со нервен отров .

Во месеците што следеа, тој доби три и пол години притвор поради кршење на условна казна која во тој момент ја имал а притоа отпатувал на лекување во странство без да г информира судот Навални инсистираше на тоа дека обвинувањата против него се политички мотивирани, но тој сепак не можеше да ги исполни барањата од условната казна бидејќи извесно време беше во кома.

Амнести интернешенел го опиша сослушувањето како „симулација на судење на која наместо медиуми“ присуствувале само затворски чувари
Навални раководеше со антикорупциската фондација на ФБК, која укажа на неправилности во партијата Обединета Русија на претседателот Владимир Путин и објави видео кое имаше многу критики, тврдејќи дека неговите богати соработници му дале на претседателот луксузна палата на брегот на Црното Море.

Против десетици вработени во неговата фондација се поднесени кривични пријави, а многу негови колеги ја напуштија Русија.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот