Ново шоу на Златан, се прогласи за крал на Шведска

epa09097752 Sweden's Zlatan Ibrahimovic (R) chasing Georgia's Lasha Dvali during the FIFA World Cup 2022 qualifier soccer match between Sweden and Georgia at Friends Arena in Stockholm, Sweden, 25 March 2021 EPA-EFE/Pontus Lundahl SWEDEN OUT

Златан Ибрахимовиќ се врати во репрезентацијата на Шведска, асистираше при единствениот гол, а потоа на социјалните мрежи направи вистинско шоу прогласувајќи се за иден крал.

Селекцијата на Шведска квалификациите за пласман на СП 2022 година го започна со минимална победа над Грузија, стрелец на единствениот гол беше Виктор Клаесен, додека асистент беше Златан Ибрахимовиќ.
Златан се повлече од крепрезентацијата по ЕП 2016 година, но пред три недели одлучи на 39 години да се врати во националнио тим и на првиот натпревар веднаш беше еден од јунаците.
Само еден ден по натреварот со Грузија направи ново шоу на социјалните мрежи. Имено, Ибрахимовиќ објави фотографија од настапот за својата репрезентација и под неа напиша Карл XVII Густаф.

Со овој потег, Златан се прогласи за нов крал на Шведска, бидејќи актуелниот крал е Карл XVI Густаф.

Златан Ибрахимовиќ е најдобар стрелец во историјата на шведската репрезентација со 62 гола на 117 натпревари. Своето деби во репрезентативниот дрес го имаше 2011 година, а притоа настапи на четири ЕП и на две СП.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот