Ново рочиште за насилствата пред Општина Центар

Во Основниот кривичен суд во Скопје денеска треба да продолжи судењето за насилствата пред Општина Центар во јуни 2013 година.

Претходното рочиште на 17 август, судењето беше одложено поради промена на адвокатот на еден од обвинетите, кој побара судот да оствари простор да се запознае со предметот.

Процесот го води судијата Душан Јосифов, а застапници на обвинението се Фатиме Фетаи и Гаврил Бубевски.

Адвокатите на обвинетиот Миле Јанакиески, на почетокот на неделата во отворено писмо до јавноста, информриаа дека случајот влегува во завршна фаза и повикаа рочиштата да бидат набљудувани од преставници на невладините организации, медиумите и меѓународниот фактор.

– Основна цел на оваа наша замолница е непосредно да бидете информирани од можеби и најважните рочишта за овој предмет, на кое многу детално ќе биде образложена одбраната на обвинетиот Миле Јанакиески како и суштествените повреди кои се направени во досегашниот тек на постапката, се вели во писмото потпишано од адвокатите Еленко Миланов и Димитар Дангов.

Прочитајте и...  Амазон отвора 3.500 работни места во Канада

Во овој предмет инициран од поранешното СЈО, што сега се води од скопското Обвинителство, се обвинети повеќе лица, меѓу кој и поранешниот премиер Никола Груевски (моментално во бегство во Унгарија), поранешниот министер за транспорт и врски, Миле Јанакиески, пратеничката на ВМРО-ДПМНЕ, Даниела Рангелова и други лица учесници во насилните протести пред Општина Центар во 2013 година.

Прочитај повеќе

Димитров во Берлин на разговори за првата Меѓувладина конференција

Слободен печат

Последни подготовки пред стартот на онлајн учењето

Слободен печат

ЕУ бара од Турција да биде конструктивна во решавањето на спорот во источен Медитеранот

Слободен печат

Продолжува судењето за Тарегет-Тврдина со сведочење на новинари

Слободен печат

Одлуките на претседателот за вонредната состојба денеска пред пратениците

Слободен печат

Првата меѓувладина конференција се очекува до крајот на година, билатералната соработка во преден план

Слободен печат

Остави Коментар

Прочитај повеќе

Нови 112 заболени, Шахпаска порача: Има места во градинките

Слободен печат

Променливо облачно време, температурата до 24 степени

Слободен печат

Курсна листа на НБРМ: Колку чини еврото денеска?

Слободен печат

Виц на денот: Тоалетна хартија

Слободен печат

Замениче, ви се брза на кафе во Приштина?

Следете ја во живо доцна ноќва првата претседателска дебата меѓу Трамп и Бајден

Слободен печат